
Кошаркарите на Карпош Соколи претрпеа вистинска катастрофа 61:98 во пресметката со лидерот во АБА лигата Црвена звезда. Карпош со овој пораз стави крај на серијата од осум последовни победи на домашен терен.


Кошаркарите на Карпош Соколи претрпеа вистинска катастрофа 61:98 во пресметката со лидерот во АБА лигата Црвена звезда. Карпош со овој пораз стави крај на серијата од осум последовни победи на домашен терен.
„Соколите“ во минатото и во ова 23.коло, во АБА лигата, забележаа два убедливи порази. По поразот во Подгорица од Будуќност 61:95, скопскиот тим ја почувствува моќта на шампионот, кој настапи без Дангубиќ, Бјелица и Волтерс.
Почетокот на мечот му припадна на Карпош, по пет минути игра тимот на Драган Николиќ водеше 18:8, но Црвена звезда лесно направи пресврт. На полувреме „црвено белите“ водеа 37:49, благодарение на неверојатниот шут за два поени. Играчите на Црвена звезда погодија 22 од 24-те обиди за два поени во првото полувреме, а крајот имаа само седум промашувања за два поени (31/38).
Во вториот дел Црвена звезда дополнително ја засили играта во одбраната, од која само ја зголемуваше предноста, а до максималните 37 поени, стигна на 18 секунди до крајот со тројката на Гудуриќ.
Во лошото издание на Карпош Соколи преодна оценка заслужија само центрите Лабовиќ и Трајковски кои постигнаа 20, односно 18 поени.
Во редовите на Црвена звезда сите играчи постигнаа поени, седуммина имаа двоцифрен број на поени, а најефикасни беа Митровиќ со 15 и Кузмиќ со 14 поени.
По 23 одиграни натпревари Црвена звезда има учинок од 22 победи и еден пораз, додека Карпош Соколи останаа на девет победи, а го запишаа 14-от пораз.