2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарате репрезентацијата на ЕП за кадети и јуниори во Софија

Карате репрезентацијата на ЕП за кадети и јуниори во Софија

ams-pres-sofija-2017-680x365_c

Карате репрезентацијата на Македонија ќе земе учество на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У-21, кое ќе се одржи во периодот 17-19.02 во Софија, Бугарија.

„Карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а за тоа говорат и резултатите. Тоа е последица на добро организирана федерација, функционални клубови кои регрутираат млади и талентирани спортисти, одлични тренери и селектори, а верувам дека дополнителен фактор за квалитет е и самиот факт што каратето беше прогласено за Олимписки спорт и ќе се најде на програмата за ЛОИ во Токио 2020 година“, рече на прес конференцијата директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески.

Инаку АМС дава континуирана поддршка на Македонската карате федерација, за овој настап на ЕП во Софија се издвоени 300.000 денари, а за меѓународната програма и за стручната работа на Карате федерацијата, АМС досега само по првиот оглас од средствата од Игрите на среќа и редовните буџетски средства има издвоено вкупно 2,3 милиони денари.

Македонија на ЕП ќе настапи со 35 натпреварувачи, 25 во борби и 10 во кати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП