21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛигата на шампионите се враќа со спектаклот во Париз

Лигата на шампионите се враќа со спектаклот во Париз

PSG-vs-FC-Barcelona-2015-UCL-Round-8-Match-Wallpaper

По пауза од речиси два месеци, во вторник, со првите осминафинални натпревари ПСЖ-Барселона и Бенфика-Борусија Дортмунд, се враќа елитната Лига на шампиони.

Двомечот помеѓу ПСЖ и Барселона е еден од централните дуели во осминафиналната фаза. Францускиот шампион е во извонредна форма, имa 11 победи на последните 12 натпревари, а посакува да се одмазди за елиминациите од Барселона во нокаут фазата во Лигата на шампионите во 2013 и 2014 година.

Аргентинецот Анхел ди Марија, кој е поранешен фудбалер на Реал, смета дека сега е вистинското време ПСЖ да ја елиминира Барселона.

„Многу разговаравме за меѓусебниот скор, но тие елиминации се случувале во минатото, сега е друго време. Нов натпревар, нови играчи и се надевам поинаков конечен резултат“, рекол Ди Марија.

Во пресрет на натпреварот тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, доби една добра и една лоша вест: Марко Верати еден од главните играчи во редот за врска е подготвен за дуелот, додека клучниот дефанзивец и капитен на тимот Тијаго Силва ќе го пропушти натпреварот поради повреда.

Барселона во комплетен состав ќе му се спротивстави на ПСЖ, Бускетс и Иниеста се целосно рехабилитирани од повредите, а триото Меси-Суарез-Нејмар добрата форма ја потврди во саботата кога го декласира Алавес. Во победата 6:0 овие тројца постигнаа четири гола.

Вториот меч во вторник ќе го одиграат Бенфика и Борусија Дортмунд. Бенфика три пати во последните шест сезони играше во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но тешко дека против Борусија може да се нарече фаворит.

Германскиот тим во Лигата на шампионите игра далеку подобро него во Бундеслигата, во фазата по групи „милионерите“ постигнаа 21 гол што преставува нов рекорд.

Дуелите во Париз и Лисабон ќе започнат во стандардниот термин од 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП