22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС не можеше да го сопре расположениот Јокиќ

ГС не можеше да го сопре расположениот Јокиќ

joka33003

Младиот српски центар Николa Јокиќ со вториот трипл дабл во кариерата го сруши најдобриот тим во лигата Голден Стејт Вориорс, во натпревар во кој Денер го победи вицепрвакот со 132:110.

Денвер против лидерот во НБА лигата одигра совршен меч го израмни рекордот во лигата според бројот на постигнати тројки (24/40). Идентичен број на тројки сезонава уфрли и тимот на Хјустон но од 61 обид.

Јокиќ блескаше со трипл дабл од 17 поени, 21 скок (рекорд на кариерата) и 12 асистенции. 21-годишниот центар сам имаше само шест скокови помалку од целиот тим на Голден Стејт.

Покрај Јокиќ белскаа и останатите млади играчи на Денвер, Хуан Ернангомез со 27 поени беше најефикасен играч на мечот, Вил Бартон постигна 24 поени, а Џамир Нелсон 23 поени.

Победата на Денвер е уште позначајна бидејќи до неа стигнаа без повредените Кенет Фарид, Данило Галинари, Вилсон Чендлер, Дарел Артур и Ентони Мудијај.

Голден Стејт играше без Заза Пачулија и Клеј Томпсон, најефикасен беше Кевин Дурент со 25 поени, додека Стеф Кари уфрли само 11 кошеви.

Голден Стејт и покрај поразот останува лидер во лигата со 46 победи и 9 порази, додека Денвер има скор од 24 победи и 30 порази.

Резултати: Шарлот – Филаделфија 99:105, Индијана – Сан Антонио 106:110, Бруклин – Мемфис 103:112, Мајами – Орландо 107:116, Милвоки – Детроит 102:89, Вашингтон – Оклахома 120:98, Далас – Бостон 98:111, Денвер – Голден Стејт 132:110, Феникс – Њу Орлеанс 108:110, Јута – ЛА Клиперс 72:88, Портланд – Аталанта 104:109.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП