18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛацио и Милан поделија по еден бод (видео)

Лацио и Милан поделија по еден бод (видео)

lacio-milanoo

Лацио и Милан одиграа 1:1 во последниот натпревар одигран во рамките на 24.коло во италијанската Серија А.

Головите на „Олимпико“ во Рим беа постигнати во финишот на првото и второто полувреме.

Лацио стигна до предност со голот од пенал кој го постигна Лукас Биља. Играчите на Милан бурно реагираа на досудениот пенал, сметајќи дека Донарума не направил прекршок врз Имобиле.

Шпанецот Сусо, најдобриот играч на Милан сезонава, израмни во самиот финиш, кога со гол ја заврши соло акцијата.

По овој натпревар тимовите ги задржаа истите позиции на табелата, Лацио е на шестото место со 44 бодови, а Милан со три бодови помалку е на седмото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП