9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДимитрис Итудис одби да биде селектор на Грците

Димитрис Итудис одби да биде селектор на Грците

1434723147

Тренерот на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис, ја одбил понудата на Кошаркарскиот сојуз на Грција, да биде селектор на националниот тим.

Итудис доби понуда од да ја предводи Грција веќе на Европското првенство оваа година, но тој поради обврските во клубо ја одбил понудата.

На оваа тема тој во заедничко соопштение со претседателот на ЦСКА, Андреј Ватутин, и се обрати на јавноста.

„Секако дека да се работи со националниот тим е голема чест за секој тренер. Горди сме што Кошаркарскиот сојуз на грција го одбра тренерот на ЦСКА. Истовремено националниот тим не е само предизвик, туку претсвува и голем товар, кој носи притисок и одговорност. како тренер, Димитрис нема да има време да се опорави, физички и психички, по напорната клупска сезона, а нема да може квалитетно да ја распредели концентрацијата на двете работни места“, порача Ватутин.

Според Итудис откако разговарал со двете страни, клубот и националниот сојуз, му станало јасно дека календарот на натпреварите овие две функции ги прави неспоиви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП