3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарци доминираат во изборот на ЕХФ

Вардарци доминираат во изборот на ЕХФ

vardar-2-696x463

Ракометарите на Вардар димнираат во изборот по категории на ЕХФ во 10.коло во Лигата на шампините, по кое „црвено-црните“ се вратија на лидерската позиција во Б групата.

Вардар во 10.коло славеше над ППД Загреб 25:20, а тимот го предводеше Алекс Дуешбаев со седум голови. Шпанскиот репрезентативец е најдобриот десен бек во ова коло според ЕХФ.

Свое место меѓу најдобрите го најдоа и голманот Арпад Штербик, кој ја има најдобрата одбрана на колото, додека Лука Циндриќ е автор на еден од најдобрите пет голови во ова коло.

Инаку во идеалниот тим на колото покрај Дуешбаев се најдоа голманот на Рајн некар Андреас Паличка, левото крило на Кристијанштад Џери Толбринг, левиот бек на Татран Прешов Оливер Рибек, средниот бек на ПСЖ Никола Карабатиќ, десното крило на Фленсбург Богдан Радивојевиќ и пивотот на Бешикташ Толга Озбахар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП