6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛука Ерни го освои златниот медал во алпска комбинација

Лука Ерни го освои златниот медал во алпска комбинација

erni

Швајцарецот Лука Ерни приреди вистинска сензација на Светското првенство во алпско скијање во Сент Мориц, освојувајќи го златниот медал во комбинација.

Ерни до најголемиот успех во кариерата стигна со вкупно време 2:26.33 минути, оставајќи го зад себе најголемиот фаворит Марсел Хиршер од Австрија за само една стотинка.

Инаку, Ерни по трката во спуст беше на 30-то место, но блескаше во слаломската трка , особено во долниот дел од патеката поради што и го освои златниот медал.

Успехот на домаќинот на Светското првенство го надополни Мауро Кавицел кој на крајот заврши на третото место со шест стотинки послабо време од сонародникот Ерни.

Во алпска комбинациј целосно потфрлија фаворитите, пред сите Алекси Пантиро кој е лидер во генералниот пласман во Светскиот куп во оваа дисциплина и Норвежанецот Александар Омот Килде.

Швајцарија со двата медали во машка комбинација стана најуспешна нација во досегашниот тек од Мундијалот. Швајцарците имаат освено шест медали од кои три се златни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП