23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: Џош Скот МВП на колото (видео)

АБА лига: Џош Скот МВП на колото (видео)

skot330

Центарот на МЗТ Скопје, Џош Скот е најкорисниот играч во 22.коло, во регионалната АБА лига.

МЗТ, во неделата, забележа значајна победа над Крка 89:65, а предводник на тимот беше Скот со 24 поени, 13 скокови, една асистенција и две блокади. Американецот до МВП наградата стигна со валоризација 34, за 35 минути минати на теренот.

Скот зад себе ги остави Давидовац од ФМП (32 индексни поени) и сонародникот Рејнолдс од Будуќност (индекс 25).

Центарот на МЗТ во ова коло оствари најмногу скокови (13), најмногу поени постигнаа Волкер од Морнар и Давидивац од ФМП по 28, Ребиќ од Мега Лекс подели 10 асистенции, а Влаовиќ од Задар и Кари од Крка имаа по четири украдени топки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП