18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛавеци зема 25 милиони по сезона, а веќе 12 месеци нема дадено...

Лавеци зема 25 милиони по сезона, а веќе 12 месеци нема дадено гол

lavezi335

Аргентинецот Есекијел Лавеци пред една година го напушти ПСЖ и потпиша договор со кинескиот клуб Хебеи, но по 365 дена во клубот тој има поразителна статистика.

Лавеци со трансферот во Хебеи стана еден од најплатените играчи во светот на фудбалот, бидејќи неговата годишна плата изнесува 25 милиони евра. За тие пари во клубот очекуваа голови, но Аргентинецот за една година не успеа да постигне ниту еден гол на десетте натпревари колку што одиграл за Хебеи.

Есекјел Лавеци во кариерата настапувал во Естудијантес, Сан Лоренцо, Наполи и ПСЖ. Не сметајќи го Хебеи има одиграо 486 натпревари и постигнато 126 голови.

Девет голови има постигнато за аргентинската репрезентација за која има одиграно 51 натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП