26 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Победи на Њујорк, Минесота, Сакраменто и Детроит

НБА: Победи на Њујорк, Минесота, Сакраменто и Детроит

kniks999

Минесота го декласира Чикаго, Њујорк го изненади Сан Антонио, Сакраменто славеше во дуелот со Њу Орлеанс, а Детроит победи во Торонто во натпреварите кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.

Детроит изненадувачки славеше во Торонто 102:101 во најинтересниот натпревар кој синоќа се одигра во НБА лигата.

Пистонски во последната четвртина надоместија негатива од 16 поени и со тројката на Колдвел-Поуп, на 13 секунди до крајот ја однесоа победата. Интересно до победничката тројка крилото на Детроит промаши 10 од 11-те обиди за три поени.

Тобијас Херис со 24 поени го предводеше Детроит, додека Андре Драмонд оствари 10 поени и 18 скокови. Кај Торонто најефикасен беше Демар Дерозан со 26 поени.

Њујорк серијата од четири порази на домашен терен ја прекина против еден од најдобрите тимови во лигата, Сан Антонио. Никси славеа 94:90, благодарение на серијата од 15:0 во финишот на третата и почетокто на последната четвртина.

Кармело Ентони го предводеше Њујорк со 25 поени, од 21 постигна во второто полувреме, на споритвната страна Кавај Ленард уфрли 36 поен.

Минесота го декласира Чикаго 117:89, а победата ја најави во првата четвртина која ја доби убедливо со 34:17. Ендру Вигинс со 27 и Карл-Ентони Таунс со 22 поени беа најефикасни кај Минесота, во чии редови добро одиграа Европејците Рики Рубио (17 поени, 11 асистенции) и Немања Бјелица (16 поени).

Сакраменто го победи Њу Орлеанс 105:99 во дуелот на најдобрите центри во лигата Демаркус Казинс и Ентони Дејвис. Казинс го предводеше Сакраменто со 28 поени, 14 скокови и 7 асистенции, додека Дејвис имаше учинок од 32 поени и 10 скокови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП