Фудбалерите на Јувентус ја задржаа предноста од седум бодови во однос на Рома и по 24.коло во Серија А, во кое на Сардинија го победија Каљари со 2:0.
Јувентус не блескаше против Каљари, но максимално ги искористи своите шанси и на крајот ги освои бодовите. Двата гола за „старата дама“ ги постигна Гонзало Игуаин во 37-та и 47-та минута од натпреварот.
Јувентус на врвот има 60 бодови, седум повеќе од Рома и девет од Наполи, додека Каљари е на 15-то место со 27 бодови.
Серија А, 24.коло:
Кротоне-Рома 0:2
Палермо-Аталанта 1:3
Сасуоло-Киево 1:3
Интер-Емполи 2:0
Торино-Пескара 5:3
Сампдорија-Болиња 3:1
Каљари-Јувентус 0:2
Фиорентина-Удинезе 3:0
Наполи-Џенова 2:0
Колото ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот на „Олимпико“ во Рим, помеѓу Лацио и Милан.