13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвроголови на Калдерон, победи за Севилја и Спортинг (видео)

Евроголови на Калдерон, победи за Севилја и Спортинг (видео)

atletico-680x365_c

Фудбалерите на Атлетико Мадрид со пресврт во финишот ја победија Селта 3:2, во последниот натпревар од неделната програма во 22.коло во Примера. Дуелот на „Винсенте Калдерон“ го обележаа евроголовите на Фернандо Торес и Јаник Караско. Претходно во оваа рунда гостински победи забележаа Севилја над Лас Палмас и Спортинг над Легањес.

Атлетико и Селта одиграа брилијантен натпревар на „Винсенте Калдерон“, кој домаќинот го реши во финишот во интервал од само 120 секунди. Селта два пати имаше предност, а на крајот остана без бодови.

Дефанзивецот на Селта Кабрал го шокираше Атлетоко во петтата минута, кога ја искористи лошата реакција на голманот Моја и ја погоди празната мрежа.

Само шест минути подоцна волшбен гол постигна Фернандо Торес. Искусниот напаѓач кога ја прифати топката беше свртен со грб кон противничкиот гол, а потоа со волеј успеа да го погоди спротивниот агол.

Истиот играч во 33.минута не успеа да реалзиира пенал, неговиот удар ја погоди гредата. Инаку Атлетико од почетокот на сезоната има реализирано само три од деветте пенали, а на последните три натпревари промашија истот толку удари од 11 метри.

Во вториот дел, во 77.минута, Селта изведе школски контранапад, кој со гол го заврши Швеѓанецот Гвидети за 1:2.

Резултатот беше активен до 86.минута, кога Караско со волеј од 20 метри го израмни резултатот, а во 88.минута Кореа и Гамеиро му асистираа на Гризман за 3:2.

Гамеиро имаше шанса во 92.минута, но неговиот удар заврши во гредата.

Атлетико со оваа победа се врати на четвртото место на табелата со 42 бода, еден повеќе од петтопласираниот Реал Сосиедад.

Севилја е трета на табелата со 46 бодови, а тимот на Санпаоли 14-та сезонска победа ја забележа над Лас Палмас, на теренот каде последен пат победила пред 50 години.

Единствниот гол го постигна Хоакин Кореа во 80.минута.

Во дербито на дното Легањес загуби од Спортинг 2:0. Роберто Канеља во 66-та и Хорхе Франко Алвис во 83-та минута ги постигнаа головите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП