21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена звезда ќе гостува кај Карпош Соколи, билетите по цена од 3.000...

Црвена звезда ќе гостува кај Карпош Соколи, билетите по цена од 3.000 денари

zvezda-680x365_c

Кошаркарите на Карпош Соколи во вторник ќе го пречекаат АБА шампионот Црвена звезда, но прашање е дали и колку публика ќе има во арената „Борис Трајковски“.

Имено раководството на Карпош Соколи реши центата на еден билет за гостувањето на Црвена звезда да чини 3.000 денари, односно 50 евра!

Овој потег доаѓа како последица на гостувањето на Партизан минатата година, кога во салата најголем дел од гледачите навиваа за противничкиот тим.

Карпош Соколи по 22 одиграни натпревари во лигата имаат девет победи и 13 порази, додека Црвена звезда на четири кола до крајот на регуларниот дел од сезоната веќе ја обезбеди првата позиција.

Според прогнозите на Карпош му е потребна уште една победа во последните четири кола за да обезбеди опстанок.

Очигледно дека и потегот со цената на билетите асоцира дека скопскиот тим веќе против актуелниот лидер и шампион ќе се обиде да го завери опстанокот во лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП