
Лидерот во Премиерлигата Челзи освои само еден бод кај Барнли во рамките на 25.коло.


Лидерот во Премиерлигата Челзи освои само еден бод кај Барнли во рамките на 25.коло.
Во исклучително интересен натпревар, во кој домаќинот имаше позрели шанси за постигнување на голови, Барнли и Челзи одиграа 1:1.
Екипата на Антонио Конте, во раната фаза на натпреварот по седум минути игра преку Педро го постигна голот за предност 0:1.
Барнли израмни преку Брејди во 24.минута. Ирскиот репрезентативец постигна брилијантен гол од слободен удар, негов прв во дресот на новиот тим.
Челзи и понатаму има комотна предност на врвот во однос на Тотенхем и Арсенал. Тимот на Конте има 60 бодови, 10 повеќе од лондонските ривали, но в понеделник доколку Манчестер Сити слави во Борнмут ќе се искачи на второто место и ќе има осум бодови помалку од лидерот.