23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарките на Вардар со победа над Турингер

Ракометарките на Вардар со победа над Турингер

andrea-lekic-680x365_c

Ракометарките на Вардар забележаа тешка победа во Германија, над Турингер 31:29 (18:13), во Лигата на шампионките. До осмата победа во низа, во елитното натпреварување, ЖРК Вардар го предводеше Андреа Лекиќ, која три од осумте голови постигна во финишот на мечот.

ЖРК Вардар, само во првиот дел, ја оправда улогата на фаворит против Турингер, кога од првите 11 обиди постигнаа 10 голови, а два пати имаа предност од седум голови (9:16, 10:17).

Определбата на тренерот Дејвис, целосно да ја менува поставата на Вардар, во вториот дел создаде многу проблеми во играта на вардаровите ракометарки. Турингер понудената шанса знаеше да ја искористи, најпрвин ја стигна негативата, а потоа два пати во самиот финиш имаше гол предност.

Во завршните минути Лекиќ го држеше Вардар во игра, таа постигна два гола за водство 30:29, а потоа кога Турингер со седум ракометарки во поле тргна по израмнување, укрдаде една топка и ги постави конечните 31:29.

Андреа Пенезиќ со десет голови беше најефикасна на мечот, Андреа Лекиќ постигна осум, Ања Алтхаус пет, а Камила Херем четири гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП