21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБеат Фојц стана светски првак во спуст

Беат Фојц стана светски првак во спуст

beat-fojc-680x365_c

Швајцарецот Беат Фојц е новиот светски првак во спуст. Фојц кој во саботата наполни 30 години, победи пред Ерик Геј и Макс Франц.

Беат Фојц, пред две години на Мундијалот во Бивер Крик беше трет, а во неделата, на домашен терен беше најбрз и ја освои светската титула во најбрзата скијачка дисциплина.

Швајцарецот беше единствениот кој патеката во Сент Мориц ја мина под една минута и 39 секунди и заслужено стигна до златниот медал.

Фојц во целта имаше време 1:38.91 минути, беше побрз од Канаѓанецот Ерок Геј за 12 стотинки, односно 37 стотинки од Австриецот Макс Франц.

Инаку Франц до бронзата стигна со само две стотинки побрзо време од Швајцарецот Патрик Кунг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП