Илка Штухец го освои златото во спуст

14

Stuhec-680x365_c

Илка Штухец ја потврди одличната форма во која се наоѓа од почетокот на сезоната и го освои златниот медал во спуст на Светското првество во Сент Мориц.

Светската титула во спуст, во женска конкуренција, останува во Словенија, откако најдобрата од пред две години во Бивер Крик, Тина Мазе, на тронот во Сент Мориц ја наследи Илка Штухец.

Победата на Мундијалот е четврта во спуст оваа сезона за Штухец, вкупно шестта во сезоната и воопшто во кариерата.

Зад Штухец се пласираа Штефани Венијер од Австрија која го освои среброто со заостанување од 40 стотинки, а трета беше Американката Линдзи Вон, која неодамна се врати на патеките по едногодишната пауза поради повреда.