19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВанче Шиков потпиша за Работнички

Ванче Шиков потпиша за Работнички

vvv

Македонскиот репрезентативец Ванче Шиков е нов член на Работнички, откако во саботата договори шестмесечна соработка.

Шиков со своето искуство ќе преставува големо засилување за Работнички во пролетниот дел од сезоната.

„Ванче Шиков е долгогодишен репрезентативец на Македонија и неговите квалитети се несомнени. Драго ни е што успеавме да се договориме и тој во наредните шест месеци ќе го носи дресот на нашиот клуб“, изјави за клупската интернет страница претседателот на клубот Драган Поповски.

31-годишниот Шиков по речиси една деценија повторно се враќа во домашниот фудбал, откако кариерата ја градеше во Грција, Украина, Австрија и Азербејџан.

„Мислам дека во моментов го одбрав најдоброто решение за мене. Имав неколку понуди и од Казахстан, но не сакав повторно да ми се случи непријатна епизода како во Азербејџан. За мене најважно во овој момент е да играм стандардно и токму затоа го одбрав Работнички. Верувам дека ќе помогнам клубот да ги исполни своите зацртани цели за излез во Европа“, изјави Ванче Шиков.

Шиков е долгогодишен македонски репрезентативец, за националниот тим има одиграно 52 натпревари, на кои постигнал четири гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП