5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦвијиќ две сезони ќе го носи дресот на Вардар

Цвијиќ две сезони ќе го носи дресот на Вардар

dragana33

Поранешната репрезентативка на Србија, Драгана Цвијиќ, од наредната сезона ќе го носи дресот на ЖРК Вардар, објави клубот на својата интернет страница.

Една од најдобрите европски ракометарки на пивотменската позиција, Драгана Цвијиќ, потпиша две годишен договор со ЖРК Вардар. Таа „црвено-црниот“ дрес ќе го облече по завршувањето на оваа сезона.

„Вардар почна да го создава тимот за следните сезони, а ангажирањето на Драгана Цвијиќ е дел од намерата екипата да добие квалитетни засилувања на секоја позиција. Верувам дека со доаѓањето на Цвијиќ во нашите редови ќе имаме уште поконкурентна екипа подготвена за високи дострели. Вардар секогаш се стреми да ги има најдобрите можни играчи во своите редови, кои ќе придонесат за остварување на зацртаните клупски цели“, изјавил за клупската интернет страница извршниот директор на Вардар, Давор Стојановски.

Цвијиќ континуирано игра во Лигата на шампионките од 2009 година, најпрвин со Крим, а потоа и со Будуќност. Со црногорскиот тим таа има освоено две титули во Лигата на шампионките во 2012 и 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП