
Швајцарката Венди Холендер го освои златниот медал во алпска комбинација на Светското првенство во Сент Мориц.


Швајцарката Венди Холендер го освои златниот медал во алпска комбинација на Светското првенство во Сент Мориц.
Холендер ја изненади конкуренцијата, откако во двете трки (спуст и слалом) забележа најбрзо време 1:58.88 минути. Швајцарката имаше само пет стотинки подобро време од Мишел Жизин од Австрија која го освои сребрениот медал (1:58.93)
Третата позиција ја освои уште една Австријка, искусната Михаела Кирхгасер (1:59.26).