21 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook Lite достигна до 200 милиони корисници

Facebook Lite достигна до 200 милиони корисници

lite fb33

Вкупно 200 милиони луѓе во светот веќе ја користат „лесната“ верзија на „Facebook“, информира основачот на социјалната мрежа Марк Цукерберг. Ова се случува само 2 години од нејзината премиера.

Тој додаде дека верзијата е специјално развиена за луѓе кои живеат во земји со слаба интернет конекција.

Тоа претставува само околу 11% од корисниците на социјалната мрежа, во висина од 1.86 милијарди лица, според податоците од крајот на 2016-та година.

Тие сепак користат или застарени мобилни телефони, или имаат побавна интернет конекција.

Првите 100 милиони корисници на „Facebook Lite“ беа постигнати во март минатата година, а во последните 11 месеци профилите се интензивираа.

Последните објавени податоци од технолошката компанија покажуваат дека за 2016-та година таа генерирала приходи во износ од 27.6 милијарди долари, или 54% повеќе во однос на една година порано.

Нето добивката изнесува 10,2 милијарди долари, што претставува раст од 177% во однос на 2015-та година.

Една од последните новости на „Facebook“ е дека на десктоп верзијата и мобилната апликација или поточно во вашиот „њузфид“, ќе биде распоредена и временската прогноза. Податоците ќе се обезбедат од „Weather.com“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП