28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБернардо Силва е „мета“ на Манчестер Јунајтед и Барселона

Бернардо Силва е „мета“ на Манчестер Јунајтед и Барселона

Joie Bernardo SILVA - 08.08.2015 - Nice / Monaco - 1er journee de Ligue 1 Photo : Jean Christophe Magnenet / Icon Sport

Манчестер Јунајтед и Барселона во летниот преоден рок ќе влезат во трка за потписот на 22-годишниот фудбалер на Монако, Бернардо Силва.

Англиските и каталонските медиуми пишуваат за интересот кои Јунајтед и Барселона го покажуваат за фудбалерот кој е продукт на школата на Бенфика.

Жозе Мурињо бил воодушевен од перформансите на својот сонародник, кој подолго време е следен и од скаутите на Барселона.

Бернанрдо Силва, како позајмен играч во 2014 година од Бенфика пристигна во Монако, а една година подоцна клубот од малото кнежевство го откупи неговиот договор за 15,7 милиони евра.

Оваа сезона, фудбалерот кој има одиграно десет натпревари за португалската репрезентација, во дресот на Монако настапил на 32 натпревари, а има постигнато седум голови.

Монако е лидер во шампионатот на Франција и е на добар пат да ја прекине доминацијата на ПСЖ, а доколку по завршувањето на сезоната реши да го продава Бернардо Силва, многукратно ќе заработи.

Имено, според англиските медиуми, Жозе Мурињо, за сонародникот бил подготвен да плати 82 милиони евра и да го напарави второ најскапо засилување во историјата на клубот. Манчестер Јунајтед минатото лето за Пол Погба плати 105 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП