21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВестбрук со трипл дабл го сруши Кливленд

Вестбрук со трипл дабл го сруши Кливленд

vesti30535

Расел Вестбрук со нов трипл дабл, 26-ти во сезоната, го сруши актуелниот првак Кливленд, во НБА дербитo, одиграно измината ноќ во Оклахома.

Вестбрук, во победата на Оклахома над Кливленд 118:109, имаше учинок од 29 поени, 12 скокови и 11 асистенции. Бекот на Оклахома го запиша 26-от трипл дабл во сезоната и се искачи на третото место на листата на кошаркари со најмногу трил дабл учиноци во една сезона. Пред Вестбрук се само Вилт Чембрлен (31 трипл дабл во сезоната 1967/1968) и Оскар Робертсон (41 трипл дабл во сезоната 1961/1962).

Покрај Вастбрук во триумфот над актуелните шампиони се истакнаа уште Виктор Оладипо со 23 поени, односно Стивен Адамс со 23 поени и 13 скокови.

Кајри Ирвинг го предводеше Кливленд со 28 поени, додека Леброн Џејмс имаше лоша шутерска вечер (8-19) и на крајот заврши со 18 поени, 7 скокови и 5 асистенции.

Покрај Вестбрук одличен натпревар одигра и неговиот најголем конкурент за МВП наградата, Џејмс Харден од Хјустон. Харден го забележа 44-от „дабл-дабл“ учинок во сезоната, во триумфот на Хјустон над Шарлот 107:95.

Десетти пат во сезоната целата стартна петорка на Хјустон заврши со двоцифрен број на поени, а Харден имаше учинок од 30 поени, 11 скокови и 8 асистенции.

На останатите натпревари Филаделфија го победи Орландо 112:111, Јута загуби од Далас 105:112, а Бостoн славеше во дуелот со Портланд 120:111.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП