ПочетнаИНТЕРЕСНОЕрнанес се сели во Хебеи Чајна Форчун

Ернанес се сели во Хебеи Чајна Форчун

hernanes344

Фудбалскиот клуб Јувентус го официјализираше трансферот на Бразилецот Ернанес во кинескиот клуб Хебеј Чајна Форчун. Јувентус од трансферот ќе инкасира 10 милиони евра.

Ернанес во кариерата бил играч на Сао Паоло и Лацио, а во Јувентус пристигна во 2015 година од Интер. За време на престојот во Торино тој одигра само 35 натпревари за Јувентус.

Хебеј минатата сезона во кинеското првенство ја заврши на седмото место. Инаку во овој тим настапуваат поранешниот играч на Арсенал и Рома Жервињо, односно некогашниот играч на Наполи и ПСЖ, Лавеци, а тренер е Мануел Пелегрини, екс тренерот на Малага, Виљареал, Реал и Манчестер Сити.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП