4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola забележа пад на добивката од 55 отсто

Coca-Cola забележа пад на добивката од 55 отсто

coca-cola-1

Добивката на „Coca-Colа“ во последниот квартал забележа пад од 55 проценти, а најголемиот светски производител на безалкохолни пијалоци пад забележа и во приходите и во продажбата, додека продолжува со реструктуирање на своето работење.

Според извештајот, „Coca-Cola“ заработила 550 милиони долари во последниот квартал од минатата година, додека за сите 12 месеци има остварено добивка од 1,24 милијарди долари.

Вкупните приходи паднаа од 10 милијарди долари на 9,41 милијарда, што е последица на силниот долар, аквизацијата и продажбата на дел од работењето. Обемот на продажба во светот забележа пад од 1 процент, при што за 4 отсто потона во Латинска Америка, додека е за 1 посто зголемен во Северна Америка и Европа.

Компанијата, позната и по пијалоците „Fanta“, „Sprite“ и „Smartwater“, е во процес на продажба на своите произведувачи на независни компании, кои ќе ги флашираат нејзините сокови и останатите напитоци. Наместо производството, „Coca-Cola“ акцентот ќе го стави на маркетингот на своите брендови и продажбата на сирупите и концентратите за производителите.

Овие промени значат и помалку приходи за „Coca-Cola“, но и пониски трошоци.

Иако резултатите од работењето на компанијата се малку подобри од оние што ги очекуваа аналитичарите, цената на акциите на „Coca-Colа“ забележа пад од речиси 2 проценти.

Заменикот извршен директор Џејмс Квинси се подготвува во мај да го замени извршниот директор Мухтар Кент. Од Квинси се очекува да го надгледува критичниот период на трансформација на „Coca-Colа“ по кратењето на трошоците со кои сакаат да ги смират акционерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП