27 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.02.2017

Дневен хороскоп 10.02.2017

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не ви е проблем саканото лице да го убедите да поддржи некои ваши идеи. Не може да се каже дека манипулирате, но на некој начин си поигрувате со безизлезните ситуации. Ќе ви одговара престојот во природа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Успевате да ја вратите загубената самодоверба. Опуштете се и работете го тоа што ви одговара и никако не се исцрпувајте преку мера. На партнерот секогаш гарантирајте му добар провод, добро ќе се чувствувате. Во голема мера сте виновни за нарушеното здравје.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Тешко ги поднесувате критиките од лицата кои не ги поднесувате доволно. Препуштете им се на обврските без висок степен на деловен ризик. Важно ви е да изгледате убаво, духовито и шармантно пред својата околина. Имате добро здравје.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Често брзоплето ги донесувате одлуките, но брзината на развојот на настаните како да му одговара на вашиот бурен темперамент. Ви се советува одмор и пасивно комуницирање. Ќе сакате да бидете сами.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Работите одат во поволен правец, но обидете се да ја согледате ситуацијата во целина и да не ги одвојувате работите. Со партнерот како да се наоѓате во некој меѓупростор и секој прави планови за себе

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денешниов ден ќе го поминете на вообичаен начин. Ќе бидете опуштени и смирени и во очекување на некои промени кои ви се ветени во изминатиот период. Денес е можен и помал прилив од некоја хонорарна работа.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекуваат добивки, кои дополнително ќе ве мотивираат за работа. Финансиите се поправаат. Многумина од вас ќе започнат љубовни приказни кои ќе ги крунисаат со брак. Среќата ви се насмевнува. Вашата концентрација е лоша.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сметате дека не постои задача која не можете да ја завршите. Ова може да предизвика завист кај колегите, и затоа бидете внимателни и не експонирајте се премногу. Унапредувањето што го очекувате, секако ќе дојде во наредниот период.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Финансиската ситуација ви е добра и денес можете да очекувате помал финансиски прилив. Ако сте вработени во некоја фирма, можно е да ви биде вратена некоја стара работа која била дадена на некој друг, но тој не можел да ја заврши.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не е време за изливи на бес. Таквите изливи кај вас ретко се случуваат и поради тоа предизвикуваат бура кај луѓето од опкружувањето. Доколку сте слободни, имате намера да и се приближите на една личност, но пред тоа би сакале да го испитате теренот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Доволно сте енергични да ја спроведете својата волја и да оставите добар впечаток. Компромисот е можно да се оствари на заедничка радост. Умеете да го изненадите саканото лице во голем стил.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате добра интуиција и дозволете и да ве води во преземање на нови акции во врска со работата. После подолг тежок период ситуацијата почнува да се менува. Тоа нема да бидат некои значителни промени, но сепак се појавуваат некои знаци на подобрување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП