19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Загреб е следниот противник на Вардар

ЛШ: Загреб е следниот противник на Вардар

stole

Ракометарите на Вардар, в сабота, ги продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите. Противник на Вардар ќе му биде Загреб, а натпреварот во „Јане Сандански“ ќе започне во 17:30 часот.

Пет натпревари ќе одиграат ракометарите на Вардар до крајот на фазата по групи, првиот е в сабота против Загреб, тим кој на „црвено-црните“ му го нанесе еден од трите порази во досегашниот тек на натпреварите во Б групата. Загреб на 22.октомври минатата година минимално славеше против Вардар 28:27.

„Три пати веќе игравме оваа сезона, тука во СЕХА лигата победивме, но имавме многу проблеми. Во Лигата на шампионите игравме во Загреб, загубивме еден разлика, тогаш првото полувреме го одигравме добро, но во второто полувреме имавме големи проблеми со нивната одбрана. Исто така бевме поразени во Загреб и во СЕХА лигата. Треба да бидеме подготвени, треба да ги почитуваме 100 отсто доколку сакаме да ги победиме. Очекувам полна сала, бидејќи помошта од навивачите ќе ни биде потребна. Задоволен сум како трениравме и работевме оваа недела“, рече на прес конференцијата во пресрет на натпреварот тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Инаку, ракометарите на Загреб се веќе неколку дена во Скопје, тие во средата играа во СЕХА лигата и загубија од екипата на Металург.

„Треба да ги заборавиме сите досегашни натпревари кои сме ги играле против нив, како што треба да заборавиме дека тие загубија од Металург. Треба да се фокусираме само на она што ќе се случува в сабота. Нè очекува тежок меч, иако некои предвидуваат дека лесно ќе победиме по поразот на Загреб од Металург. Многу е важно дома да победуваме, да не си дозволиме кикс каков што го имавме против Рајн Некар“, рече капитенот на тимот Столе Стоилов.

Инаку, 10.коло во Б групата, денес ќе го отворат Рајн Некар и Кјелце (19 часот), односно Мешков Брест и ПИК Сегед (20:30 часот).

Вардар по мечот со Загреб ќе одигра уште четири натпревари до крајот на фазата по групи: гостинските против ПИК Сегед (18.02) и Мешков Брест (04.03) и домашните против Цеље (25.02) и Кристијнаштад (12.03).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП