5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПипен: Бев среќен кога Џордан замина во пензија

Пипен: Бев среќен кога Џордан замина во пензија

jordanpippen_090910

Скоти Пипен легендарниот крилен кошаркар на Чикаго, изјавил дека бил среќен кога Мајкл Џордан, во 1993 година, заминал во пензија

„Бев најсреќниот човек на светот. За промена добив шанса да бидам човек. Тоа е нешто што би го посакувал секој играч кога би бил во моја позиција, бидејќи тоа неможе да ви се случи кога на големата сцена заедно со вас е Мајкл Џордан. Значи кога се повлече бев многу среќен, но сепак посакував да се врати“, рекол Пипен.

Џордан се повлече по освоени три титули со Чикаго, а во првата сезона без него во тимиот, Пипен беше предводник со просек од 22 поени по натпревар. Сепак Чикаго не успеа да го мине полуфиналето во Источната конфереција, Булси беа елиминирани од Њујорк.

Мајкл Џордан по две години реши да се врати на кошаркарските терени и да го предводи Чикаго до уште три шампионски титули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП