22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа новата ранг листа на ФИФА Македонија е на 165-то место

На новата ранг листа на ФИФА Македонија е на 165-то место

fudbaleri-mkd-33

Фудбалската репрезентација продолжува да тоне на ФИФА листата, откако на најновата листа забележа пад од три места и сега е 165-та во светот.

Македонија е 165-та во светот, најлоша позиција од осамостојувањето, со 135 бодови, колку што има и Косово.

Покрај Косово зад Македонија во Европа се наоѓаат уште само пет репрезентации: Малта (183), Лихтенштајн (187), Сан Mарино (202), Андора (203) и Гибралтар (205).

Кога станува збор за противниците во квалификациската група за пласман на Мундијалот во Русија, со Шпанија го задржа 10-то место, Италија е 15-та откако „скокна“ една позиција, додека Албанија и Израел назадуваа за четири односно пет места, Албанија е 55-та, а Израел 60-ти.

Кога станува збор за најдобрите, во Топ 5 нема никакви измени, прва е Аргентина пред Бразил, Германија, Чиле и Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП