21 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса бара шест нови играчи

Барса бара шест нови играчи

barsa nova

Спортско-техничкиот оддел на Барселона ќе има тешко лето, исполнето со многу трансфери. Од „Камп Ноу“ пресметале дека се потребни половина нови фудбалери, еден голман, еден централен дефанзивец, двајца играчи од средниот ред и двајца напаѓачи. Заминувањето на Виктор Валдес го обврзува раководството да бара нов голман уште ова лето.

За позицијата централен дефанзивец се споменуваат имињата на Винсент Компани (Манчестер Сити), Даниел Агер (Ливерпул) и Иниго Мартинез (Реал Сосиедад). Во нападот приоритет е доаѓањето на Нејмар. Бразилецот има договор со Сантос, но е многу блиску до „Камп Ноу“, тврдат каталонските медиуми.

Сепак луѓето од Барселона најтешка задача ќе имаат во средниот ред, затоа што ќе се бараат конкуренти на Чави, Иниеста и Бускетс. Од Барса очекуваат посилни настапи од Тиаго Алкантара, Кристијан Телјо, Марк Бартра, Серхио Роберто и Жерард Деулофеу.

Секако многу важно е и прашањето кои играчи ќе го напуштаат тимот. Се споменуваат имињата на Алексис Санчез, Давид Вилја и Валдес.

Секоја година „каталонците“ имаат по 50 милиони евра за трансфери. Ако продадат некого, буџетот за засилувања расте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП