29 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКливленд ја стопираше Индијана, ГС лесно со Чикаго (видео)

Кливленд ја стопираше Индијана, ГС лесно со Чикаго (видео)

kavsi303

Водечките екипи во НБА лигата Голден Стејт, Сан Антонио и Кливленд забележаа победи во синоќешните натпревари.

Кливленд победи во Индијанаполис 132:117, иако Индијана ја доби првата четвртина со 36:25. Победникот беше решен во третиот период кога Кливленд постигна 40, а прими само 18 поени.

На овој меч Кајл Корвер покажа дека може да биде големо засилување за Кливленд, тој постигна 29 поени погодувајќи осум тројки од девет обиди. Ист број на кошеви реализираше и Кајри Ирвинг, а Леброн Џејмс забележа 25 поени, 6 скокови и 9 асистенции.

Индијана го доживеа првиот пораз по серијата од седум победи. Најефикасен кај Пејсерси беа Си-Џеј Мајлс со 23, односно Пол Џорџ и Џеф Тиг кои постигнаа по 22 поени, а Тиг имаше и 14 асистенции.

Најдобриот тим во лигата, Голден Стејт против Чикаго ја запиша 43-та сезонска победа. Голден Стејт убедливо славеше 123:92, предводен од Клеј Томпсон (28 поени) и Кевин Дурент (22 поени, 10 скокови, 7 асистенции).

Сан Антонио победи во Филаделфија со 111:103. Кавај Ленард заврши со 32 поени, 6 скокови и 5 асистенции, а Ламаркус Олдриџ имаше двоен ефект од 15 поени и 10 скокови. Дарио Шариќ беше најефикасен кај Филалдлефија со 20 поени, колку што постигна и Емека Окафор.

Резултати: Бруклин-Вашингтон 110:114, Детроит-ЛА Лејкерс 121:102, Атланта-Денвер 117:106, Мемфис-Феникс 110:91, Њујорк-ЛА Клиперс 115:119, Њу Орлеанс-Јута 94:127, Минесота-Торонто 112:109, Милвоки-Мајами 88:106, Сакраменто-Бостон 108:92.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП