6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Pernod Ricard се зголемува поради вискито Jameson

Профитот на Pernod Ricard се зголемува поради вискито Jameson

jameson viski335

„Pernod Ricard“ – вториот по големина производител на алкохолни пијалоци во светот, забележа профит за второто полугодие над оценките на аналитичарите, откако продажбата на вискито „Jameson“ продолжува да расте, а приходите од Азија се регенерираат, соопштува „Bloomberg“.

Оперативната добивка е зголемена за 4% на органска база до 1,5 милијарди евра во шесте месеци до крајот на декември, објави спроизводителот на вотката „Absolut“ и џинот „Beefeater“. Аналитичарите очекуваа профит од 1,47 милијарди евра.

Продажбата на „Jameson“ се зголеми за 20% и е на пат да ја одбележи осмата година на двоцифрен раст, откако пијалокот станува популарен за коктели. Подемот на ирското виски го натера „Diageo“ – најголемиот производител на алкохолни пијалоци во светот, да претстави нов поскап бренд под името „Roe & Co“, за да влезе во просперитетен сегмент.

Во меѓувреме продажбата на „Pernod“ во азискиот регион се врати кон раст во вториот квартал за првпат по една година, бидејќи трговците складираат резерви од коњакот „Martell“ пред славењето околу Кинеската нова година.

„Резултатите од оваа серија изгледаат прилично пристојно“, вели Емон Фери, аналитичар во „Exane BNP Paribas“, во коментар кон инвеститорите.

Приходите на единицата за коњак на конкурентот „Remy Cointreau“ пораснаа за 22% на органска база за трите месеци до крајот на декември, поддржани од испораките кон Азија, соопшти производителот во минатиот месец.

„Pernod“ ја потврди прогнозата за раст на профитот од 2% до 4% во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП