ИНТЕРЕСНО

Лестер обезбеди пласман во осминафиналето од ФА купот

lester34040

Лестер, во повторениот натпревар од третата рунда во ФА купот, успеа да го совлада Дерби Каунти со 3.1 и да се пласира во осминафиналето.

Лестер, барем за момент, ја прекина серијата на лоши резултати и со многу труд се пласира во осминафиналто на ФА купот. Англискиот првак, дури по продолжението успеа да го елиминира Дерби Каунти.

Првиот меч заврши 2:2, а во регуларниот дел од повторениот меч резултатот беше 1:1. Кинг и Камара беа стрелци на головите.

Во дополнителните 30 минути победата на лестер му ја донесоа Ндиди и Греј.

Противник на Лестер во осминафиналето, на 18.февруари, ќе биде Милвол. Истиот ден ќе играат: Барнли-Линколн, Мидлзброу-Оксфорд, Хадерсфилд-Манчестер Сити и Вулверхемптон-Челзи.

На 19.февруари се закажани натпреварите Фулам-Тотенхем и Блекбурн-Манчестер Јунајтед, а на 20.февруари ќе играат Сатон Јунајтед и Арсенал.