28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан со двајца играчи помалку ја совлада Болоња

Милан со двајца играчи помалку ја совлада Болоња

gabriel-paletta-bologna-milan_yvy9i6y9n1apzt2t669cvuh8

Фудбалерите на Милан славеа во Болоња со 1:0, а Јувентус го победи Kротоне со 2:0 во мечевите кои требаа да се одиграат во 18.коло, но беа одложени поради натпреварот во Суперкупот на Италија.

Марио Пашалиќ го постигна единствениот гол за Милан во претпоследната минута на стадионот во Болоња и ја прекина серијата од три превенствени порази во кои се наоѓаше тимот на Монтела.

Милан до победата стигна со двајца фудбалери помалку, откако најпрвин поради два жолти каротони беше исклучен Палета, а во по еден час игра истото го снајде и Куцка.

Јувентус со рутинска игра ги однесе бодовите од Кротоне, а головите за победата од 2:0 ги постигнаа Манџукиќ и Игуаин во второто полувреме.

Јуве ја зголеми предноста на табелата на седум бодови во однос на Рома и девет во однос на Наполи, додека Милан со 40 бодови се наоѓа на шестото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП