„GTA V“ се игра веќе повеќе од три години, но познатата игра на „Rockstar“ и натаму носи заработка од милиони долари. „Take Two“ ги објави најновите бизнис податоци како играта на сите платформи досега беше испорачана во 75 милиони копии.
Со ова „GTA V“ се вклопи во друштвото на севременските хитови како „Minecraft“ (повеќе од 100 милиони) или „Wii Sports“ (82,8 милиони).
Што се однесува до останатите нови игри, „Mafia 3“ досега стигна до 5 милиони, „NBA 2K17“ е продадена во 7 милиони копии, додека „Civilization VI“ надмина 1,5 милиони.
Што се однесува до финансиите, „Take Two“ вели дека нето приходот во третиот квартал бил 476,5 милиони долари (раст од 15 посто). Дури четвртина од нив пристигна од виртуелните валути, микротрансакциите и превземањето на содржините во игрите. Но, за целата година се очекува приходите да бидат од 1,8 милијарди долари, додека претходно беа прогнозирани 1,85 милијарди, пишува „Reuters“.