10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРафаел Надал: Би сакал да бидам претседател на Реал

Рафаел Надал: Би сакал да бидам претседател на Реал

nadal-505x306_c

Рафаел Надал рекол дека имa желба еден ден да стане претседател на Реал Мадрид. Шпанецот никогаш не ја криел приврзаноста кон овој клуб.

„Секако дека би сакал да го водам Реал, кој не би го сакал тоа? Но тоа е долг пат…Реал сега има претседател, Флорентино Перез и мислам дека е многу успешен. Во моментов јас не сум му потребен на Реал, но никогаш не можете да знаете што носи иднината“, изјавил Надал за Mundo Deportivo.

Интересно, Рафа е голем навивач на Реал, а неговиот стрико, кој е и негов тренер, во минатото со голем успех го носеше дресот на Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП