20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧудо од дете, 92 поени за 32 минути (видео)

Чудо од дете, 92 поени за 32 минути (видео)

melo ball 33994

Американското семејство Бол има тројца одлични кошаркари кои во блиска иднина би можеле да станат големи ѕвезди во НБА лигата. Највозрасниот Лонцо (19) е ѕвезда на колеџот УЦЛА, наскоро негов соиграч ќе биде и средниот брат Лианџело, но во центарот на вниманието деновиве е најмалдиот Ламело (16).

Ламело Бол игра во средношколскиот тим Чино Хилс Хај, јавноста за него прв пат слушна пред неколку месеци, кога во петтата секунда од нападот шутираше и погоди тројка од половина терен. Многумина за таквиот пристап кон играта го „обвинија“ Стеф Кари, суперстарот на Голден Стејт, но тоа не му пречи на таткото на Ламело, Лавар, кој е тренер на средношколскиот тим.

Минатата недела Чино Хилс Скај го доживеа првиот пораз по 60 победи во низа, а овој тим поточно Ламало Бол, во вторникот, повоторно го привлекоа вниманието на американските медиуми.

Имено Ламало во победата на својот тим над Лос Осос 146:123, постигна 92 поени, од кои 41 во последната четвртина! Ламело упатил 61 удар кон кошот на противникот (30/39 за два, 7/22 за три).

Инаку покрај него уште само петмина играчи од тимот шутирале кон кошот на противникот, а четворица постигнале поени: Елис Скот (29 поени, 17 скокови, 14 асистенции), Факон Ричардс (10 поени), Онјека Оконгву (9 поени) и Регн Ујадгхеле (6 поени).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП