4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона избори финале во Купот на Кралот (видео)

Барселона избори финале во Купот на Кралот (видео)

438470056589a442cd8ef8591968549_w640

Фудбалерите на Барселона ги издржаа налетите на Атлетико и со многу среќа изборија пласман во финалето во Купот на Кралот. Барселона го мина Атлетико благодарение на победата во првиот меч 2:1, а во реваншот на домашен терен одигра 1:1.

Како ретко кога Барселона беше надиграна во 90.минути, а мечот го заврши со двајца фудбалери помалку. Атлетико промаши неколку сериозни шанси, меѓу кои и пенал, а му беше поништен и регуларен гол.

Тимот на Симеоне целосно ја разби играта на Барселона, која не функционираше во средниот ред каде Луис Енрике започна со Андре Гомеш, Ракитиќ и Денис Суарез.

Барселона во 90.минути покрај голот имаше само уште една сериозна шанса, кога Меси од слободен удар ја погоди гредата, се друго беше на страната на Атлетико.

Уште од страртот Атлетико наметна силем ритам, високо ја притисна Барселона чии играчи имаа големи проблеми да ја пренесат топката на половината на противникот.

Откако Атлетико не реализира три шанси, најголем „виновник“ беше голманот Силесен, Барса постигна гол. Меси крај тројца играчи на Атлетико упати удар од 20-тина метри, Моја одбрани, но одбиената топка стигна до Луис Суарез кој ја врати топката во голот.

Клучниот момент на мечот се случи во 58.минута, најпрвин Серхи Роберто го доби вториот жолт картон, а веќе во следниот напад, Гризман постигна гол, кој судиите неоправдано го поништија поради офсајд.

Со играч повеќе Атлетико продолжи да притиска, но во 69.минута втор жолт доби Караско, по што силите на теренот беа израмнети.

Потоа Меси од слободен удар ја погоди гредата, а во 81.минута Пике го собори Гамеиро и Атлетико доби пенал. Гамеиро ја презеде одговорноста и не успеа да израмни.

Сепак две минути подоцна францускиот репрезентативец успеа да израмни на 1:1.

До крајот Атлетико напаѓаше но не успеа да постигне гол кој ќе значеше продолженија.

Барса избори финале, каде ќе игра без Луис Суарез кој направи неверојатна глупост, откако за само пет минути доби два жолти картони. Најпрвин во 87.минута направи непотребен фаул, а во 92.минута во борба за топка тој удри противнички игра.

Во финалето Барселона ќе игра против Алавес или Селта. Овие две екипи реваншот ќе го одиграат в среда, а првиот меч заврши 0:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП