4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМукаетов доби нов четири годишен мандат на функцијата претседател на РФМ

Мукаетов доби нов четири годишен мандат на функцијата претседател на РФМ

zivko-mukaetov-520x293

Живко Мукаетов доби нов четири годишен мандат на функцијата претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). На редовното Собрание на РФМ, новиот мандатат Мукаетов го доби со акламација.

„Кога пред четири години дојдов на оваа функција ветив дека ќе се обидам македонскиот ракомет да функционира поинаку од претходно. Во тој четиригодишен период голем дел од предизвиците ги остваривме. Се радувавме на успесите, заедно се јадосувавме на поразите. Во текот на овие 48 месеци вложивме многу напори и ресурси за работа со младите категории кои треба да бидат база за идните репрезентации. Остануваме на истата патека, ќе работиме да бидеме континуирано присутни на големите настани и да го етаблираме ракометот како национален спорт во Македонија. Убеден сум дека за пет-десет години ќе бидеме горди на ова што го правиме“, изјави претседателот на РФМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП