9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНесторовски: Се надевам дека ќе избориме опстанок

Несторовски: Се надевам дека ќе избориме опстанок

iljce 30

Македонскиот репрезентативец Илија Нестеровски игра брилијантна сезона во дресот на Палермо и доколку тимот од Сицилија успее да избори опстанок во Серија А, заслугите за тоа ќе одат на негова адреса.

Несторовски е автор на девет од 19-те сезонски голови на Палермо, кој во Серија А се наоѓа на 18-та позиција со 14 бодови, осум помалку од Емполи првиот тим во заоната на опстанок.

„Рецепотот за опстанок во лигата е напорна и обединета работа. Јас се надевам дека и наредната година ќе играме во Серија А. Задоволен сум во Палермо и би сакал да останам тука“, изјавил Несторовски за Gazzetta dello Sport.

Македонецот, изминатиот викенд го постигна единствениот гол против Кротоне, со кој Палермо ја забележа првата победа во сезоната пред своите навивачи. Италијанските новинари го споредуваат со легендарниот напаѓач Филипо Инзаги.

„Пипо е икона на италијанскиот фудбал, тој е идол на голем број фудбалери. Доколку постигнам половина од она што го постигна тој ќе бидам задоволен“.

Несторовски проговорил и за соиграчот од репрезентацијата Горан Пандев, кој најголемите успеси во кариерата ги постигна токму во Италија.

„Горaн е златно момче на македонскиот фудбал, професионалец од кого може многу да се научи. Остави белег во Серија А. Ние сме одлични пријатели, верувам дека со него оваа генерација може да и донесе многу радости на Македонија“, дополнил Несторовски.

Инаку, Несторовски во јануарскиот преоден рок се поврзуваше со неколку екипи, а како најконкретен во понудата се истакнуваше Наполи. Контроврзниот претседател на Палермо, Зампарини, нема намера да го продаде македонскиот напаѓач за сума помала од 15 милиони евра, со што повеќекратно би заработил бидејќи трансферот на Нестеровски од Интер Запрешиќ во Палермо изнесуваше само 500.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП