21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШмидхофер златна во супервелеслалом

Шмидхофер златна во супервелеслалом

smid

Австријката Никол Шмидхофер приреди големо изнендување со победата на трката во супервелеслалом, со која во вторникот започна Светското првенство во скијање во Сент Мориц, Швајцарија.

Никол Шмидхофер стартуваше како осма, а на крајот времето кое го постигна 1:21.34 минути беше доволно да го оставри најголемиот успех во својата кариера. Скијачката која претходно имаше само два пласмани на подиумот во Светскиот куп, на светскиот трон во супервелеслалом ја наследи сонароничката Ана Фајт, до оваа сезона Фенингер, која остана без пласман.

Второто место и сребрениот медал го освои Тина Вајрајтер од Лихтенштајн која зад Шмидхофер задоцни 33 стотинки, додека бронзата со задоцнување од 36 стотинки ја освои Швајцарката Лара Гут.

Инаку, покрај Фајт (Фенингер), трката не ја заврши и Линдзи Вон, која направи грешка во горниот дел од патеката.

Наредната трка на Светското првенство е супервелеслаломот во машка конкуренција, во среда во 12 часот.

На СП во Сент Мориц, Македонија учествува со седуммина скокачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП