21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Лабовиќ МВП на 21.коло

АБА: Лабовиќ МВП на 21.коло

labovic-505x306

Кошаркарот на Карпош Соколи, Драган Лабовиќ е најкорисниот играч во 21.коло, во регионалната АБА лига.

Карпош Соколи во ова коло го совладаа ФМП 88:81, а Лабовиќ имаше учинок од 21 поен, осум скокови, шест украдени топки и две асистенции. За 32 минути на паркетот тој оставри индекс 30.

Инаку, во ова коло најголем индекс оствари Октавијус Елис од Морнар, но тој не е прогласен за МВП бидејќи неговиот тим загуби од Цедевита.

Лабовиќ во ова коло беше играчот кој постигна најмногу поени и имаше најмногу украдени топки. Најмногу скокови, вкупно 13, забележа Елис, додека неговиот соиграч Борис Бакиќ подели најмногу асистенции, девет.

Карпош Соколи на седум кола до крајот на регуларниот дел од сезоната ја дели осмата позиција со Олимпија. Скопскиот тим во наредната рунда, сабота 19 часот, ќе гостува во Подгорица кај Будуќност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП