2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеброн со неверојатна тројка избори продолжение против Вашингтон (видео)

Леброн со неверојатна тројка избори продолжение против Вашингтон (видео)

22018720-mmmain

Шампионот Кливленд ја прекина низата од 17 победи на Вашингтон на домашен терен, додека Мајами славеше 11-ти пат во низа, што е најдолгата серијата оваа сезона.

Леброн Џејмс постигна неверојатна тројка со која го израмни резултатот на 120:120 и го однесе дуелот во Вашингтон во продолжение. Во дополнителното време Кливленд беше подобар и славеше со 140:135. Овој пораз е прв за Вашингтон на домашен терен по серијата од 17 победи.

Кевин Лав беше најефикасен кај Кливленд со 39 поени, додека Леброн постигна 32, на кои придодаде рекордни во кариерата 17 асистенции. На спортивната страна најефикасен беше Бредли Бил со 41 поен.

Мајами, на изненадување на многумина, ја продолжи својата победничка низа. Жешките, предводени од Гроан Драгиќ, против Минесота славеа 115:113 и ја забележаа 11-та последовна победа.

Словенецот Драгиќ, на овој меч постигна рекордни во кариерата седум тројки и со 33 поени го предводеше својот тим. Два поени повеќе за Минесота постигна Карл-Ентони Таунс.

Резултати: Индијана-Оклахома 93:90, Њујорк-ЛА Лејкерс 107:121, Детроит-Филаделфија 113:96, Торонто-ЛА Клиперс 118:109, Атланта-Јута 95:120, Њу Орлеанс-Феникс 111:16, Денвер-Далас 110:87, Мемфис-Сан Антонио 89:74, Сакраменто-Чикаго 107:112.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП