22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДеjвис куп: Дисквалификација на Канада поради удар на судијата со топче (видео)

Деjвис куп: Дисквалификација на Канада поради удар на судијата со топче (видео)

sp-tenis_620x0

Тениската репрезентација на Канада е дисквалификувана од Деjвис купот, откако на мечот со Велика Британија играч со топче го погодил судијата во окото.

Денис Шаповалов, 17-годишниот тинејџер кој е роден во Тел Авив, направи ретко виден инцидент во тенисот, откако во мечот против Кајл Едмонд, лут поради промашениот бекхенд, наместо топчето да го лансира меѓу гледачите, тој го погоди во окото главниот судија Арно Габас.

Во тој момент Канада и Велика Британија беа израмнети во победи 2:2, а во решавачкиот петти меч Едмунд имаше предност од 6:3, 6:4, 2:1. Откако се случи инцидентот Канаѓаните беа автоматски дисквалификувани.

„За среќа судијата е добро. Ова е неприфатливо однесување од моја страна. Се чувствувам ужасно, како да го предадов својот тим и својата земја. Ветувам дека повеќе нема да си дозволам вакво нешто“, рекол Шаповалов, кој е јуниорски шампион на Вимблдон.

Меѓународната тениска федерација во соопштението кое го објави наведува дека „очигледно Шаповалов немал намера да го погоди судијата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП