1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСупербоул: Брејди им ја донесе на Патриотс петтата титула (видео)

Супербоул: Брејди им ја донесе на Патриотс петтата титула (видео)

Tan2017

Њу Ингланд Патриотс ја освоија петтата титула во НФЛ. Њу Ингланд во Супербоул финалето, со голем пресврт, ја надополнија негативата од 25 поени и славеа над Атланта Фалконс 34:28.

Њу Ингланд го направија најголемиот пресврт во историјата на Супербоул, претходно ниту еден тим не надоместил негатива поголема од десет поени, а воедно ова беше првото финале кое беше решено во продолжението.

Атланта во третиот период имаше предност од 3:28, но тогаш се разигра Том Брејди кој го одигра мечот на кариерата и го однесе својот тим до победата.

Брејди и тренерот на Њу Ингланд Бил Беличкик влегуваат во историјата на овој спорт како најдобрите на сите времиња.

Квотербекот на Њу Ингланд, Брејди е прогласен за МВП на 51-то издание на Супербоул и е единствениот со четири вакви признанија. Воедно со петте титули тој ги надмина легендите Џо Монтана и Тери Бредшо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП