2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонскиот шампион МЗТ Скопје со победа во Љубљана

Македонскиот шампион МЗТ Скопје со победа во Љубљана

мзт-л

Кошаркарите на МЗТ, прв пат сезонава победија на гостински терен и побегнаа од последната позиција на табелата во АБА лигата.

МЗТ, во Љубљана, ја декласира Олимпија со 91:72. Олимпија, во само една недела загуби од двата македонски преставници на домашен терен, откако минатиот викенд Љубљана ја освои и тимот на Карпош Соколи.

МЗТ во Љубљана, како што рече и тренерот Анте Назор по мечот „одигра блиску до перфекција“.

Македонскиот шампион делуваше супериорно во однос на ривалот, буквално во сите елементи на кошаркарската игра.

Тејмс со 21 поен, односно Дреновац со 17 и Скот со 15 поени го предводеа македонскиот шампион до седмата победа во сезоната.

Со овој триумф МЗТ последната позиција му ја препушти на Задар. МЗТ со седум победи и 14 порази е во групата на тимови кои се распоредени од 11-то до 13-то место (Морнар, Мега Лекс, Крка).

Во наредното коло во Скопје ќе гостува Крка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП