11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПроектилот на Квадрадо го реши Дербито на Италија

Проектилот на Квадрадо го реши Дербито на Италија

кавадаро

Фудбалерите на Јувентус го совладаа Интер со 1:0 во 236-то Дерби на Италија. Натпреварот во Торино го реши Колумбиецот Квадрадо со прекрасен гол во 45.минута.

Јувентус ја запиша 18-та победа во првенствот, трета во низа и воедно стави крај на серијата од седум победи во која се наоѓаа фудбалерите на Интер.

Интер, во дербиот, имаше повеќе удари кон голот на Буфон, но Јувентус беше тимот кој имаше конкретни шанси. До голот на Квадрадо, Дибала и Пјаниќ ја погодија гредата на голот кој го бранеше Хандановиќ.

Решавачкиот момент се случи во 45.минута кога Колумбиецот од 20-тина метри со полуволеј испрати вистински проектил кој Хандановиќ не можеше да го одбрани.

Јувентус со оваа победа ја зголеми предноста на врвот и со натпревар помалку има шест бодови повеќе од Рома и седум од Наполи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП