20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар на врвот во СЕХА лигата

Вардар на врвот во СЕХА лигата

вардар-сеха

Ракометарите на Вардар со победата во Велење ја обезбедија првата позиција на табелата во СЕХА лигата. Вардар, во неделата, го победи Горење 31:29 (13:13).

Македонскиот првак не блескаше против Горење, но сепак успеа да победи. Иако Вардар подобро влезе во натпреварот и стекна предност од четири гола, Горење бргу фати приклучок, имаше и водство, а на полувреме резултатот беше 13:13.

Горење до 43.минута ја одржуваше предноста од два гола, кога Вардар за пет минути со серија 5:1, ја врати предноста 24:22.

Домаќинот веднаш одговори, ја врати резултатската незивесност, а во 56.минута Горење имаше гол предност 27:28.

Во последните четири минути, Штербик со четири одбрани и Борозан со два гола ја креираа серијата на „црвено црните“ од 4:0, за конечни 31:29.

Дибиров со осум и Борозан со седум гола ги предводеа стрелците кај Вардар, а Штербик на голот имаше 12 одбрани. Најдобар играч на Горење беше голманот Клемен со 16 интервенции, а Цехте и Митровиќ постигнаа по шест гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП