29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов гол на Несторовски, четири гола на Пароло за Лацио

Нов гол на Несторовски, четири гола на Пароло за Лацио

nesto

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја продолжи голгетерската серија во италијанското првенство, откако го постигна единствениот гол за Палермо во победата над Кротоне. Инаку, 23.коло во Серија А го обележа Марко Пароло, играчот на Лацио постигна четири гола во триумфот на Лацио над Пескара од 6:2.

Фудбалерите на Палермо дури во 23.коло во Серија А ја забележаа првата победа на домашен терен во сезоната 2016/2017. Во дербито на дното Палермо славеше минимално над Кротоне со 1:0. Единствениот гол го постигна македонскиот репрезентативец Несторовски.

Напаѓачот на Палермо го постигна својот деветти гол во првенството, односно тој е автор на речиси 50 отсто од головите на тимот од Сицилија, кој досега постигнал 19 голови.

Несторовски е стартер во Палермо од стартот на сезоната, а по доаѓањето на новиот тренер Лопез, втор меч по ред во стартниот тим се наоѓа и вториот Македонец Александар Трајковски.

Палермо со оваа победа се искачи на 17-то место на табелата има 14 бодови осум помалку од Емполи првата екипа во безбедната зона.

Третиот македонски репрезентативец Горан Пандев исто така беше стартер во екипата на Џенова, тој одигра 68.минути во поразот на неговиот тим од Сасуоло 0:1.

Марко Пароло играчот на Лацио е играч на ова 23.коло, откако постигна четири гола во триумфот на неговиот тим во Пескара со 6:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП